Манчестер сити „под лупата“ на УЕФА

УЕФА официјално покрена истрага против Манчестер сити за прекршување на финансискиот фер-плеј. Одлуката за ваквиот потег на Европската фудбалска куќа дојде по обвинувањата на гермaнскиот весник „Дер Шпигел“, кој објави податоци според кои Сити во повеќе наврати ги прекршувал правилата на ФФП.

Од таборот на англискиот првак ги негираа овие тврдења: „Обвинувањата се лажни и очигледно намерата е да се наштети на клубот“.

„Граѓаните“ се на тапет и на англиската ФА поради трансферот на поранешниот член на фудбалската школа, Џејдон Санчо.

Сити претходно беше казнет од страна на УЕФА во 2014 година поради исти причини. Случајот се заврши со споразум на двете страни, а клубот од Манчестер плати казна од 49 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести