Манчестер сити подготви астрономска сума за англискиот репрезентативец

Манчестер сити не се откажува од Хари Кејн и подготви астрономска сума од 150 милиони евра што ќе стаса на адреса на Тотенхем, објавуваат англиските медиуми.

Кејн долго одбиваше да се појави на тренинзите на Спарс ова лето и сака да направи трансфер, бидејќи има амбиции да освојува трофеи, нешто што не му се случи како капитен на Тотенхем.

Даниел Леви, првиот човек на клубот од Лондон упорно одбива да го продаде англискиот репрезентативец, но прашање е дали ќе одолее на сума од 150 милиони евра, колку што е подготвен да плати Манчестер сити за Кејн.

Интересно е што двата тима ќе играат во премиерното коло од Премиерлигата во Лондон во недела од 17.30 часот и најавено е дека Кејн ќе го предводи нападот токму против Сити.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести