Манчестер сити и Пеп Гвардиола немаат намера да сопрат со трошење ова лето. Со оглед на лошата сезона, Каталонецот сака максимално да се засили и на секоја позиција да има по неколку квалитетни фудбалери.
Сега на ред дојде крилната офанзивна позиција, со оглед дека Доку и Фоден беа далеку од посакуваната форма минатата позиција. Целта на „граѓаните“ е да дојдат до потписот на Рафаел Леао, кој сака да го напушти Милан, бидејќи нема да играат во Лигата на шампионите.
Вредноста на Португалецот е 70 милиони евра, но доколку дојде до реализација на трансферот, тој ќе чини околу 110 милиони евра, сума која Манчестер сити е подготвен да ја плати.