28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Манчестер сити подготвува нов договор за добитникот на Златната топка

Раководството на Манчестер сити се подготвува да преземе чекори за да го спречи заминувањето на Родри. Според „Кадена сер“, англискиот шампион планира да го продолжи договорот на играчот од средниот ред, кој истекува во 2027 година.

Раководството на Сити знае дека новиот добитник на Златната топка привлекува интерес од водечки европски клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен, па затоа започнува да развива план за да го задржи во клубот.

Граѓаните се уверени дека тимот се развива со посакуваното темпо и освојувањето на Златната топка од нивниот играч го сметаат за значаен момент во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести