31.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Манчестер сити поднесе тужба против судијата Мајкл Оливер

Англискиот првак Манчестер сити поднесе тужба против судијата Мајкл Оливер за неговиот начин на делењето правда во дербито против Ливерпул, во кое Граѓаните загубија со 3-1 на „Енфилд“. Од таборот на клубот сметаат дека се оштетени и дека самиот Оливер придонесол за поразот од директниот ривал за титулата во Англија, па бараат од ФА и Асоцијацијата на арбитри соодветно да го санкционираат англискиот судија.

Сити бара одговор зошто не бил досуден пенал во нивна корист кога топката удри во раката на Трент Александер-Арнолд, а само 22 секунди подоцна домаќините поведоа со 1-0 бидејќи акцијата не беше прекината. Исто така имало и контакт меѓу Садио Мане и Рахим Стерлинг во шеснаесетникот, а според судијата, тоа не било доволно за најстрога казна.

И покрај тоа што имаше целосно објаснение за сите спорни ситуации, англискиот првак е убеден дека Оливер мора да биде казнет за грешките.

На еден начин, од таборот на Сити се обидуваат да кажат дека не се задоволни од влијанието на ВАР-системот и бараат да се најде решение со цел во иднина да не се прават вакви енормни лапсуси.

- Оглас -

Најнови вести