Победата од 4-0 на гостувањето кај Вулверхемптон во првото коло од Премиер лигата, покажа дека Манчестер сити оваа сезона ќе биде конкурентен и не смее да се отпише од трката за титулата.
Граѓаните беа екстра мотивирани, разиграни, и Гвардиола има многу причини за задоволство. Халанд даде два гола и стана прв стрелец на Сити во ерата на Гвардиола, надминувајќи го Стерлинг. По еден гол на своите дебија постигнаа засилувањата Рајндерс кој имаше и асистенција, и Шерки кој утре ќе наполни 22 година.
Инаку на голот на Сити беше Џејмс Трафорд, Едерсон беше во аут поради наводни стомачни проблеми, а се шпекулира дека ќе замине во Галатасарај и на негово место ќе дојде Донарума за уште посилен тим на Манчестер сити.
За Сити ова е 14-та победа во прво коло во последните 15 сезони. Халанд редовно дава гол во прво коло во секоја од четирите свои сезони во Премиер лигата.