Манчестер сити, Порто, Ница, Торино, Бохум, во Квотите на денот (Фото)

Почнува новиот викенд, а тоа значи дека од европските купови повторно се враќаме на националните првенства. Овој петок носи возбуда, играат неколку големи европски тимови, а петте предлози во Квотите на денот доаѓаат од Топ 5 лигите.

Вкупниот коефициент на петте предлози изнесува 48,62.

Првиот предлог е од Бундеслигата. Хајденхајм е домаќин на Бохум, а квотата на денот е 2.15, ако двете екипи постигнат барем по еден гол и ако има по еден гол во двете полувремиња.

Торино го пречекува тимот на Венеција, а квотата на денот е 2.35, доколку и во двете полувремиња бидат постигнати од еден до три гола.

Ница се среќава со Реимс, а ако не загуби и двете екипи постигнат гол, квотата на денот е 2.10.

Манчестер сити е домаќин на Вулверхемптон во Премиер лигата. Ако Граѓаните победат и на мечот бидат постигнати од два до четири гола, квотата на денот е 2.35.

Порто е фаворит против Мореиренсе, и ако постигне два гола, од кои еден во првото полувреме, квотата на денот е 1.95.

- Оглас -

Најнови вести