Манчестер сити убедливо со 5:0 славеше над Спарта Прага на „Етихад“ во меч од третото коло на групната фаза во Лигата на шампионите, меч кој има посебно значење за англискиот тим.
Со оваа победа Граѓаните испишаа нова историска страница во Лигата на шампионите, и тоа како клуб кој ја има најдолгата низа без пораз во елитното натпреварување. Дури 26 меча во низа Сити нема пораз во ЛШ, што е доволно да се надмине досегашниот рекорд на Манчестер јунајтед.
Сити има 18 победи и осум нерешени резултати, што е доволно да се надмине постигнувањето на Црвените ѓаволи, кои во периодот од 2007 до 2009 година имаа серија од 25 натпревари без пораз во Лигата на шампионите.
26 – Manchester City have set a new record for unbeaten games in the history of the European Cup/UEFA Champions League, going 26 without defeat (W18 D8) and breaking the record set by rivals Manchester United between 2007 and 2009 (a run of 25). Mastermind. pic.twitter.com/bEs0G9qyhf
— OptaJoe (@OptaJoe) October 23, 2024