Манчестер сити, и покрај што беше фаворит, потешко од очекуваното се избори за победа од 3-1 против Плимут и се пласира во четвртфиналето на англискиот ФА куп.
Дури и со комбиниран тим, играчите на Пеп Гвардиола имаа проблеми со пробивањето на ривалот. Граѓаните први примија гол, а победата дојде по пресврт.
Плимут поведе во 38-та минута кога Максим Таловиеров му донесе предност на второлигашот. Но, пред паузата, тинејџерот Нико О’Рајли израмни на 1-1, откако добу асистенција од Кевин де Бројне.
Во вториот дел, во 76-та минута, Фоден му асистираше на О’Рајли за 2-1. Кога Плимут се отвори, Де Бројне го постави конечниот резултат со трет гол во финишот (3-1).
Покрај Манчестер сити, во следната фаза на ФА купот се пласираа и Борнмут и Кристал Палас, додека преостанатите патници ќе бидат познати по следните натпревари.