27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Манчестер сити потпиша 10-годишен договор вреден 1 милијарда фунти!

Манчестер сити официјално го објави продолжувањето на спонзорскиот договор со „Пума“, а според британските медиуми, договорот е за 10 години и ќе вреди 100 милиони фунти годишно, што значи дека Сити за една деценија ќе добие милијарда фунти, што е рекорд во англискиот фудбал.

Во 2023 година, Манчестер јунајтед потпиша договор со „Адидас“ за 900 милиони фунти во период од 10 години, а Ливерпул се договори со истиот производител за 60 милиони фунти по сезона.

Претходниот договор со „Пума“ му носеше на Сити 65 милиони фунти годишно.

„Пума“ исто така соработува со сите клубови чии сопственици се газдите на Сити, вклучувајќи ги Мелбурн, Жирона, Мумбаи Сити и други.

- Оглас -

Најнови вести