23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Манчестер сити потроши 60 милиони евра за да го комплетира третото засилување ова лето

Англискиот првак Манчестер сити може да се пофали и со третото засилување за ова лето. Потврдено е дека е постигнат договор со Жереми Доку, кој доаѓа од тимот на Рен, и тоа за трансфер вреден 60 милиони евра.

Сити веќе одреден период го меркаше Доку, кој треба да биде соодветна замена по крилната позиција за Ријад Марез, кој направи трансфер во Ал-Ахли. Граѓаните летово веќе ги доведоа Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол, а сега Доку е третиот нов играч во составот на Пеп Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести