По завршувањето на зимскиот преоден рок, Манчестер сити може да се прогласи за „крал на трошењето“ оваа зима. За четворицата нови играчи потроши повеќе од 210 милиони евра.
Пеп Гвардиола во својот состав ги донесе Абдукодир Хусанов, Витор Реис, Омар Мармуш и Нико Гонзалес. Од клубот си замина само Кајл Вокер, кој премина на позајмица во Милан.
Гонзалес, кој дојде од Порто, го засили средниот ред, Хусанов и Реис се млади дефанзивци, а Мармуш кој дојде од Ајнтрахт е напаѓач.
Сити е далеку од одбрана на титулата во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите мора да игра тешко 16-финале против актуелниот европски првак Реал Мадрид.