Манчестер сити потврди, Гвардиола ќе се врати на клупата за дуелот со Вест хем

Освојувачот на Лигата на шампионите и Премиер лигата од минатата сезона, Манчестер сити, и официјално потврди дека Пеп Гвардиола викендов ќе се врати на клупата на Граѓаните.

Шпанецот отсуствуваше три недели поради операција на грбот, која беше извршена во Барселона, и сега сѐ е в ред со него и тој ќе продолжи да го води Манчестер сити од клупата веќе викендов.

Додека Гвардиола беше отсутен, екипата ја водеа неговите помошници, кои забележаа победи над Шефилд јунајтед (2-1) и Фулам (5-1). Во сабота Манчестер сити му гостува на Вест хем, а веќе во вторник во првото коло од Лигата на шампионите ја пречекува Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести