3005 Емполи – Лацио (20 ч.)
Лацио во последното коло во Серија А влегува со мотив да го задржи второто место на табелата. Лацијалите се втори со 71 бод, додека Интер има два бода помалку. Емполи одамна го обезбеди опстанокот во Серија А и нема никакви мотиви за денешниот натпревар. Згора на тоа, дури седум фудбалери на домаќинот се повредени, додека Лацио ќе настапи во најсилниот состав. На последните три меѓусебни дуели беа постигнати дури 14 гола.
Предлог тип: Т2 1-3I & 1-3 II (3.05)
1881 Лајпциг – Ајнтрахт Ф.(19 ч.)
Во финалето на германскиот Куп ќе играат двата тима кои сезонава настапуваа во Лигата на шампионите. Лајпциг и идната сезона ќе игра во ЛШ, додека Ајнтрахт сезоната во Бундеслигата ја заврши на седмото место, но со пласманот во финалето на Купот, си обезбеди пласман во Лигата на Европа. Двата тима беа ефикасни во полуфиналето, Лајпциг со 5:1 го декласира Фрајбург, додека Ајнтрахт со 3:2 славеше над Штутгарт. На последните две меѓусебни средби, и двата тима постигнуваа голови и за очекување е да продолжат во ист ритам и денеска.
Предлог тип: ГГ3+ (2.04)
1707 ПСЖ – Клермон (20 ч.)
ПСЖ веќе ја обезбеди титулата во Лига 1, но сигурно е дека фудбалерите ќе сакаат со победа пред своите гледачи да ја завршат сезоната. Денеска за последен пат на „Паркот на принцевите“ како играчи на ПСЖ, ќе истрчаат Лионел Меси и Серхио Рамос и за очекување е со победа да ја завршат одисејата во Франција. ПСЖ и Клермон досега играле трипати меѓу себе и Светците славеле убедливо на трите меча (5:0,6:1,4:0).
Предлог тип: 1-1 & 2+ II (2.40)
1091 Ман. сити – Ман. јунајтед (15 ч.)
Манчестер сити веќе го освои едниот од посакуваните три трофеи, а денеска ќе атакува на вториот. Граѓаните во финалето на ФА купот ќе играат против градскиот ривал, Манчестер јунајтед. Сезонава во Премиер лигата, двата тима славеа на домашен терен, Јунајтед победи со 2:1, додека Сити беше поубедлив и победи со 6:3. Иако нема фаворити на ваков натпревар, сите им даваат предност на Граѓаните, кои идниот викенд ги очекува уште едно големо финале, тоа против Интер во Лигата на шампионите.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.55)
6726 Колумбија У20 – Италија У20 (22 ч.)
Ова е натпревар од четвртфиналето на Светсткото првенство за фудбалери со 20 години кое се одржува во Аргентина. Колумбија е без пораз на СП, но сепак фаворитската улога ја имаат Аѕурите кои во осминафиналето ја совлада Англија која беше меѓу големите фаворити за освојување на титулата. Во групната фаза, Италија го совлада и Бразил, а загуби само од Нигерија која е главен фаворит за титулата. Колумбија пак во осминафиналето ја декласира Словачка со 5:1.
Предлог тип: Х2 & 2-5 (2.02)