Манчестер сити немаше поголеми проблеми со Лутон, славеше со 5-1, и барем до утре ќе биде лидер на табелата во Премиер лигата, со два бода пред Арсенал и Ливерпул.
Гостите немаа среќа, сами си дадоа гол уште во втора минута, но Сити победата ја потврди во 64-та минута кога Матео Ковачиќ постигна убав гол со силен шут во горниот гол.
Потоа за 3-0 погоди и Ерлинг Халанд од пенал, а негова е заслугата и за првиот погодок бидејќи после негов шут во главата на Јапонецот Хашиока, топката го измами голманот на Лутон. Во финишот, Доку и Гвардиол по еден гол за конечни 5-1. И за Гвардиол кој даде убав гол, ова беше прв погодок во Премиер лигата.
Во Премиер лигата се води мртва трка за титулата, а бидејќи после бодовите, се гледа гол-разлика, не е неважно со каков резултат ќе победуваат трите тима ко се борат за трофејот бидејќи тоа на крај може да реши ако два или три тима имаат ист број бодови.
Барнли и Брајтон одиграа интересни 1-1, гостите имаа многу среќа, бидејќи домашниот голман Муриќ буквално им подари гол со невиден кикс.
Брентфорд беше подобар од Шефилд јунајтед со 2-0 и ги доближи гостите чекор поблиску до преселба во Чемпионшип.