Манчестер сити сака да ја купи ѕвездата на Милан пред почетокот на Светското клупско првенство

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити има сериозна намера да го донесе холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс од редовите на Милан. Според италијанските медиуми, трансферот би можело да се реализира до крајот на тековната недела бидејќи клубот од Манчестер сака да го финализира договорот пред почетокот на Светското клупско првенство на ФИФА на 14 јуни.

Првичната понуда на Сити се очекува наскоро, додека преговорите со италијанскиот клуб веќе се започнати. Иако се претпоставуваше дека англискиот клуб ќе понуди околу 60 милиони евра, Милан бара најмалку 90 милиони, повикувајќи се на интерес од други клубови и сопствената финансиска ситуација, отежната по неуспешното квалификување за европските натпреварувања.

Сепак, Росонерите немаат итна потреба да продаваат бидејќи Рејндерс има активен договор до 2030 година. Холандскиот фудбалер пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето од АЗ Алкмар и имаше одлична дебитантска сезона во Серија А, постигнувајќи десет гола и забележувајќи пет асистенции. Тој се одликува со разновидност во средниот ред, играјќи подеднакво ефикасно како дефанзивен, централен или офанзивен играч за врска.

Манчестер сити ќе продолжи со преговорите во текот на наредните денови надевајќи се дека ќе постигне договор и ќе го доведе Рејндерс како едно од главните засилувања за новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести