Фудбалерот од средниот ред на Нотингем Форест, Елиот Андресон, со своите игри оваа сезона го привлече вниманието на гигантите, а Манчестер сити имал свои скаути на десет меча на кои играл 23-годишниот фудбалер за клубот или репрезентацијата.
Андресот летото 2024 година се пресели од Њукасл во Нотингем за 41 милион евра, а неговата вредност во моментов се искачи на 45 милиони евра. Сепак, проблем за „граѓаните“ претставува неговиот долгорочен договор, кој е со важност до 2029 година.
Нотингем Форест не е расположен да го продаде репрезентативецот на Англија, но ставот може да го сменат само доколку добијат понуда од 115 милиони евра. Манчестер сити нема намера да го купи за оваа сума зимава, па раководството на „граѓаните“ ќе чека до следното лето, па дури тогаш ќе испрати официјална понуда.

