Зимскиот преоден рок во фудбалска Европа е во полн ек, а еден од фудбалерите кои е во фокусот е Абдукорир Хусанов. Репрезентативецот на Узбекистан моментално е член на францускиот Ленс, а според информациите на Фабрицио Романо, еден од клубовите кои се интересира за услугите на централниот дефанзивец е Манчестер сити.
Младиот 20-годишен Узбекистанец дебитираше во националниот тим во јуни 2023 година, а веќе има 18 настапи. Ленс за Хусанов плати само 100.000 евра кога го доведе од белорускиот тим Енергетик БГУ, а сега неговата вредност на европскиот пазар се проценува на 12 милиони евра. Тоа значи дека Ленс доколку реши да го продаде, одлично ќе заработи.
20-year-old Uzbekistan & RC Lens defender Abdukodir Khusanov is having a breakout season in Ligue 1 right now 🇺🇿✨
He signed for Lens for just €100K in July of 2023… Now he’s a first team regular with a market value of €12M 📈
Fabrizio Romano has revealed he has Manchester… pic.twitter.com/KqlAYAHnht
— Rising Ballers (@RisingBallers_) January 5, 2025