Вчера на стадионот „Етихад“, навивачи на Манчестер сити пееја песна која ја згзори јавноста, бидејќи ја славеа веста за смртта на англиската фудбалска икона, Сер Боби Чарлтон.
Чарлтон беше легенда на ривалскиот Манчестер јунајтед за кој одигра 758 меча, но и на целиот англиски фудбал (беше дел од репрезентацијата во 1966 која стана светски првак), па затоа ова пеење „Боби е во ковчег!“ делуваше како шок за многумина, и за раководството на Сити, кое се извини и најави дека после идентификувањето на лицата кои пееја, ќе им забрани влез на нивниот стадион.