24.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Манчестер сити се мачеше, но победи и се доближи на бод од Ливерпул (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити многу потешко од очекуваното дојдоа до планираните три бода против Брентфорд и се доближија само на минус еден од лидерот Ливерпул. Човекот на одлука беше Ерлинг Халанд, кој во 71-вата минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Граѓаните за да дојдат до победата, им беше потребно да упатат дури 25 шута кон противничкиот гол, од кои дури 11 беа во рамките на голот, но и да имаат околу 70% од поседот на топката.

Но, Манчестер сити погоди и вторпат преку Халанд, но овој погодок беше поништен поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести