Манчестер сити се откажа од Вирц, сега му фрлија око на Дани Олмо

Манчестер сити се откажал од обидот за ангажирање на ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Граѓаните, поточно нивниот менаџер Пеп Гвардиола имаше директна средба со таткото на Вирц, но исходот не бил позитивен, во Сити сметаат дека Вирц е прескап и засега се повлекуваат од трката.

Вирц е баран и од Баерн Минхен и од Ливерпул, се спомнува и Реал Мадрид, чиј тренер ќе биде Чаби Алонсо, кој го тренираше Вирц изминативе две сезони во Леверкузен. Се чини дека фаворити за неговиот потпис се Баварците, но Баер нема да ја продаде својата ѕвезда за помалку од 150 милиони евра.

Откако не успеаја со Вирц, сега во Сити се вртат кон планот Б, а тоа е Дани Олмо од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести