16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Манчестер сити се „разбуди“ во второто полувреме и го победи градскиот ривал Јунајтед (Видео)

Манчестер сити победи со 3:1 против градскиот ривал Манчестер јунајтед во дербито на 27 коло на Премиер лигата. Граѓаните со овој триумф стигнаа до 62 бодови и се веднаш зад лидерот Ливерпул кој досега освои 63 бодови.

Манчестер јунајтед одигра добро само во првото полувреме кога имаше и водство од 1:0. Маркус Рашфорд донесе радост за гостите по само осум минути игра и тоа со фантастичен удар од далечина.

Сити имаше неколку шанси да израмни во првото полувреме, а најдобрата ја промаши Ерлинг Халанд, кој речиси никогаш не греши од ваква ситуација.

Во второто полувреме Сити покажа зошто е актуелен англиски првак. Фил Фоден беше херојот и творецот на пресвртот. Младиот голгетер на Сити прво даде фантастичен гол за 1:1 во 55 минута, а потоа во 80 минута беше повторно прецизен за 2:1.

До крајот на средбата, Сити го потврди триумфот со голот на Халанд во 90+1 минута.

- Оглас -

Најнови вести