Во дербито на денот, во Премиер лигата, се среќаваат екипите на Манчестер сити и Челзи, екипи кои се во различна форма и на различни делови од табелата. „Граѓаните“ имаат два поени помалку од Ливерпул, но и натпревар помалку од „црвените“, додека Челзи е на 10-тата позиција и далеку дури и од местата во фудбалска Европа.
Од друга страна, Манчестер сити е во серија од 11 победи по ред во сите натпреварувања, односно 14 меча без пораз, а слично е и во меѓусебните дуели. Манчестер сити на седум натпревари по ред нема пораз од Челзи, а само последниот нивни дуел заврши нерешено, претходно „граѓаните“ шестпати по ред победуваа.
Истото го кажуваат и квотите во Sport Life, Манчестер сити е голем фаворит со квота од 1.37, но доколку победата на домашните се искомбинира со бројот на голови, тогаш се добива далеку подобра квота, бидејќи Манчестер сити на последните три натпревари му даде дури девет гола на Челзи.
Во специјалната понуда на Sport Life има голем број на игри и за стрелците, но и за картони, корнери, замени, пенали, фаули, офсајди и уште многу игри.