34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Манчестер сити сега е прв фаворит за потписот на ѕвездата на Реал Мадрид

Офанзивецот на Реал Мадрид, Родриго, не е задоволен од статусот кој го има кај „кралевите“, па извесно е дека летово ќе биде продаден. Флорентино Перес очекува дека ќе добие 90 милиони евра, а главни фаворити беа Арсенал и Ливерпул.

Сепак, работите се сменија откако во трката по неговиот потпис се вклучи Манчестер сити, а раководството на „граѓаните“ нема да има проблем да ја плати бараната сума за Родриго.

Бразилецот сака да игра како десно крило, а на таа позиција во Реал Мадрид се Мбапе и Винисус, па Родриго сега е во втор план, ситуација која воопшто не му се допаѓа. Крилниот напаѓач минатата сезона настапи на 54 натпревари за „кралевите“ со ефект од 14 гола и 11 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести