Манчестер сити сепак може да игра во ЛШ следната сезона !

Манчестер сити уште се надева дека следната сезона ќе може да игра во Лигата на шампионите, иако Европската фудбалска федерација му даде двегодишна суспензија на актуелниот англиски првак. Покрај двегодишната суспензија, Сити треба да плати и 30 милиони евра, а за сè е виновно непочитувањето на финансискиот ферплеј од УЕФА. 

Според казната, Сити нема да може да игра во ЛШ во сезоните 2020/21 и 2021/22, но англиските медиуми најавуваа опција според која Граѓаните би можеле да ги гледаме во елитната лига и следната сезона.

Челниците на Манчестер се жалеа до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, а со оглед на тоа дека уште не се знае кога ќе биде донесена одлуката за овој случај, шансата за Сити уште постои. Доколку конечната пресуда не биде донесена до 1 јуни, Сити ќе може да игра во ЛШ за следната сезона, па ако потоа биде потврдена казната, англискиот клуб ќе треба да ги пропушти следните две сезони во елитната лига на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести