Групацијата „Сити груп“, која го поседува Манчестер сити, откупи 80% од акциите на Палермо за 12 милиони евра.
Досегашниот сопственик Дарио Мари ги задржа преостанатите 20% од акциите и останува на претседателската позиција во клубот. Со продажбата се најавува нова ера на поранешниот клуб на Трајковски и Несторовски откако во блиското минато се бореше со банкрот.
Палермо стана 10-ти клуб под сопствеништво на катарската групација, откако пред неколку дена ги откупија францускиот второлигаш Троа, како и Бахија од Бразил.
Њујорк сити, Мелбурн сити, Јокохама маринос, Монтевидео сити, Жирона, Сишуан Џинуи, Мумбаи сити и Ломел се веќе дел од распространетата колекција на катарските милијардери.