Манчестер сити се пласираше во осминафиналето во ФА Купот, откако минимално со 1:0 го победи Тотенхем во Лондон. Натхан Аке беше стрелец на единствениот гол и тоа во финишот на средбата, во 88 минута.
Со овој гол на Аке, граѓаните скршија еден малер за нив. Ова е прв пат Сити да постигне гол на стадионот на Тотенхем и тоа беше доволно и прв пат да победат. Откако Тотенхем во 2019 година го отвори нивниот стадион, Сити таму имаше пет гостувања и од сите пет си замина поразен и тоа без да даде ниту еден гол.
Сега Аке конечно погоди за радост на Сити и тоа беше доволно за победа од 1:0.
На останатите три меча од ФА Купот кои се играа денеска немаше победник и ќе мораат да се играат возвратни дуели на теренот на екипите кои сега беа гости: Бристол – Нотингем Форест 0:0, Челзи – Астон вила 0:0, Шефилд јунајтед – Ковентри 1:1.