25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Манчестер сити со гол во 90+5 минута победи на гости кај Вулверхемптон (Видео)

Манчестер сити со 2:1 победи на гостувањето кај Вулверхемптон во меч од осмото коло на Премиер лигата, Со оваа победа Сити стигна до 20 бодови и останува единствен тим без пораз во елитното англиско друштво.

Вистинска драма се случуваше на теренот на Вулверхемптон, кој прв се израдува на погодок и тоа уште во седмата минута со голот на Ларсен.

Сити стигна до израмнување во 33 минута кога прекрасен гол од далечина постигна Јошко Гвардиол.

Нерешено беше до 90+5 минута кога Стоунс погоди со глава за голема радост на гостите. По постигнувањето на голот беше сигнализирано дека може да има офсајд, па судиите ја прегледуваа ВАР снимката, но беше оценето дека Бернардо Силва кој е пред голманот на домаќините, не му пречи во обидот да одбрани.

 

- Оглас -

Најнови вести