Манчестер сити со головите против Њукасл влезе во „домашниот клуб 1000“ (Видео)

„Англискиот Меси“ Фил Фоден, и златната резерва Бернардо Силва, дадоа по еден гол за победа од 2-0 на Манчестер сити над Њукасл во денешното дерби на Премиерлигата.

Се покажа дека Чавките мора да ја подобрат својата реализација ако сакаат да се борат за место во ЛШ. Граѓаните погодуваа кога доаѓаа во позиција за гол и тоа беше клучната разлика.

Њукасл има примено само пет голови во 2023 година, но веќе пет кола по ред немаат победа, што покажува дека проблемот на тимот е нападот.

Сити нема проблем со офанзивата, денеска дури и беа под просекот кој го имаат во последно време.

Инаку, погодокот на Силва кој влезе во игра само две минути пред голот, е 1.000-ти за Сити на свој терен во Премиер лигата. Сити стана шести англиски клуб кој дома постигнал „илјадарка“.

https://twitter.com/i/status/1632017942782128128

- Оглас -

Најнови вести