Манчестер сити со победа ќе ја започне одбраната на титулата

1001 Барнли – Манчестер сити (21.00 часот)

Вечерва стартува новата сезона во Премиер лигата и тоа со натпреварот на шампионот Манчестер сити, кој му гостува на Барнли. Граѓаните во летниот преоден рок загубија двајца клучни играчи, Ријад Марез и Илкај Гундоган, но се засилија со Хрватите Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол и експертите сметаат дека ако не си замине Бернардо Силва, тогаш тимот во следната сезона ќе биде уште посилен. Манчестер сити славеше на последните 11 меѓусебни пресметки, додека последен пат не успеал да победи точно пред пет години (0:0), што е најдобар доказ дека вечерва за сè ќе се прашуваат Граѓаните.

Предлог тип: 2 & 1+ I & 1+ II (1.91)

 

1303 Севиља – Валенсија (22.00 часот)

Вечерва стартува и новата сезона во Ла Лига и во неа со големи амбиции влегува Севиља. Севиља минатата сезона одигра катастрофално, на крајот го освои 12-тото место, но сепак ќе игра во Лигата на шампионите бидејќи по рекорден седми пат триумфира во Лигата на Европа. Тренерот Хозе Луис Мендилибар не сака да се повтори сликата од минатата сезона и за очекување е Севиља да одигра ефикасен натпревар.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.16)

 

1536 Брага – Фамаликао (21.15 часот)

Во новата сезона во португалскиот шампионат, Брага влегува со амбиции да се замеша во трката за титулата заедно со Бенфика и Порто. Минатата сезона Брага ја заврши на третото место, но летово тимот го презеде шеикот од Катар, кој е сопственик и на ПСЖ и амбициите се веднаш да се замеша во битката за титулата. Минатата сезона, Брага победи на двата меѓусебни натпревари против Фамаликао (4:1,3:0) и вечерва е голем фаворит да слави, но за очекување е да не се троши премногу бидејќи игра и во квалификациите за пласман во ЛШ.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)

 

5261 Ал-Ахли – Ал-Хазм (20.00 часот)

Саудиската Про лига заедно со МЛС-лигата сигурно ќе бидат најинтересните надвор од Европа и денеска стартуваат токму Саудијците. Првиот меч од новата сезона ќе се игра меѓу Ал-Ахли и Ал-Хазм. Ал-Ахли летово потроши 123 милиони за трансферите на фудбалери како Ријад Марез, Рожер Ибањез, Алан Сен-Максиман, Едуар Менди, Франк Кеси и Роберто Фирмињо. Летово во тимот се врати и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски и амбициите на тимот се битка за највисок пласман иако минатата сезона играше во втората лига. Ал-Ахли славел на последните седум меѓусебни средби кои ги играл да домашен терен против Ал-Хазм, а носењето фудбалски ѕвезди е гаранција дека навивачите ќе уживаат во голови.

Предлог тип: T1 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

1951 Трабзонспор – Анталијаспор (20.00 часот)

И во Турција започнува новата сезона и во првиот меч ќе настапи тимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди, Трабзонспор. Шампионот од 2022 година пред своите гледачи ќе игра против Анталијаспор, која минатата сезона ја совлада со 2:0 на својот стадион „Папара парк“.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.83)

- Оглас -

Најнови вести