Манчестер сити со убедливи 4-0 славеше над Ливерпул во дерби-дуелот од четвртфиналето на англискиот ФА куп. „Граѓаните“ и третпат по ред славеа над големиот ривал, овојпат за пласман во полуфиналето од најстарото клупско натпреварување во светот.
Човек на одлука беше Ерлинг Халанд, кој со хет-трик беше предводник на „граѓаните“. Норвежанецот погодуваше во 39-тата минута од пенал, но и во втората минута од продолжението на првиот дел, како и во 57-та минута.
Третиот гол за Манчестер сити беше дело на Антоин Семењо во 50-тата минута.
Со овој пораз стана јасно дека Ливерпул оваа сезона останува без можност да се бори за уште еден трофеј, па актуелниот шампион на Англија сега е во игра само за титулата во Лигата на шампионите.

