1091 Кристал палас – Манчестер сити (17:30)
Единствената шанса Манчестер сити да освои трофеј е финалето на ФА купот против Кристал палас. Избраниците на Пеп Гвардиола играат катастрофална сезона во Премиер лигата и се уште немаат обезбедено ниту пласман во Лигата на шампионите, но мечот против Кристал палас може да им донесе трфеј и барем малку радост оваа сезона. На последниот првенствен меч на овие две екипи победија „граѓаните“ со убедливи 5-2, па затоа од нив се очекува победа и во финалето на ФА купот.
Предлог тип: 2 & Т2 2+ (2.19)
1541 Спортинг Лисабон – Гимараеш (19:00)
Спортинг Лисабон одлучува сам за себе и со победа над Гимараеш ќе ја освои титулата во Португалија. Противникот не е наивен, се работи за четвртопласираната екипа на првенствената табела, но домашните се пред освојување на трофејот и сигурно нема да дозволат некој да им ја расипе забавата. Спортинг е во серија од 16 меча без пораз во сите конкуренција, а последен пат загубија од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. На последниот меѓусебен натпревар на овие две екипи во Лисабон се радуваше Спортинг со убедливи 3-0.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.80)
1706 Ница – Бест (21:00)
Три екипи водат голема битка за четвртата позиција во француското првенство и пласман во квалификациите за Лигата на шампионите. Една од нив е и Ница, која има императив да победи против Брест на домашен терен. Последното коло во Лига 1 е само формалност за Брест, па од Ница се очекува да ја оправда фаворитската улога и со три бода да го чека исходот од мечевите на конкурентите.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.69)
1702 Лил – Римс (21:00)
Во слична ситуација е и Лил, кој на домашен терен го пречекува Ремс. Лил како и Ница и Стразбур има 57 бода, па последното коло ќе биде одлучувачко. Домашните победуваа на последните два меча против Ремс, па затоа и денес се фаворити за такво нешто.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.99)
3004 Џенова – Аталанта (20:45)
Аталанта веќе го потврди пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона, додека Џенова е во златната средина и мирно го чека финишот на сезоната. Со оглед на тоа дека мечот нема резултатско значење ниту за едната, ниту за другата екипа, она што може да се очекува од Џенова и Аталанта се голови и тоа распоредени во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.96)