Манчестер сити тргнал по потписот на Белингам, па експресно добил „корпа“?!

Комисијата за жалби на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја потврди суспензијата од два натпревари за Џуд Белингам, поради црвениот картон што го доби после натпреварот со Валенсија, кога му беше поништен погодок за победа.

Ваквата ситуација се обиделе да ја искористат од Манчестер сити, од каде веднаш го контактирале фудбалерот, кој е разочаран од ваквата одлука, и му се обратиле со зборовите: „да играше кај нас, ова не беше можно да се случи.“

Раководството на „граѓаните“ било подготвено да плати колку што е потребно само да го ангажира најдобриот фудбалер на Реал Мадрид налето, но експресно биле одбиена од страна на Белингам кој сака да остане во Мадрид, каде му оди одлично.

- Оглас -

Најнови вести