Манчестер сити има само една победа на последните 13 натпревари. Ситуацијата на резултатски план е катастрофална, па „граѓаните“ се на седмата позиција на табелата во Премиер лигата, додека во Лигата на шампионите се на 22-рото место.
Пеп Гвардиола спас за целата ситуација бара во пет фудбалери, а раководството на Манчестер сити е должно уште во јануари да тргне по нивниот потпис.
На списокот со желби на каталонскиот тренер се Марк Гуехи од Кристал палас, Џамал Мусијала од Баерн Минхен, Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Бруно Гимараеш од Њукасл.
Доколку сакаат да ги доведат сите петмина, тогаш раководството на „граѓаните“ ќе мора сериозно да го одврзе кесето.