Англискиот премиерлигаш Манчестер сити е заинтересиран за доведување на 24-годишниот бразилски напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. Неговата проценета вредност изнесува околу 87 милиони фунти, односно приближно 102 милиони евра.
Родриго пристигна во Реал во 2019 година од Сантос, главно настапува на крилните позиции и е стандарден репрезентативец на Бразил. Со Кралскиот клуб има освоено сè што можеше да се освои.
Шпанските медиуми претходно објавија дека Пеп Гвардиола лично стапил во контакт со него, порачувајќи му дека го гледа како клучен играч во својата визија за Сити. Интересно е што токму Родриго беше еден од главните јунаци во легендарниот пресврт на Реал против Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2022 година.
Во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ постигна два гола во судиското продолжение, со што Реал го анулира заостанувањето и избори продолженија. Потоа Карим Бензема го постигна победничкиот гол за пласман во финалето, кое потоа Реал Мадрид и го освои.
Тие голови му донесоа култен статус меѓу навивачите и останаа запаметени како дел од една од најдраматичните средби во историјата на натпреварувањето. Две години подоцна, Реал повторно стигна до крајот, а Родриго повторно блескаше против Сити, постигнувајќи гол во двата натпревари од четвртфиналето.