Манчестер сити го насочи фокусот кон еден од најталентираните француски офанзивни играчи, Рајан Черки од Лион. Според информациите од Франција, англискиот премиерлигаш ги направил првите конкретни чекори за негов ангажман.
По заминувањето на Кевин де Бројне и можниот трансфер на Џек Грилиш, Сити бара нова креативна искра во средниот ред, а 20-годишниот Черки се појави како врвен приоритет откако пропаднаа обидите да се донесат Морган Гибс-Вајт и Флоријан Вирц.
Рајан Черки веќе има „џентлеменски договор“ со Лион, клубот е подготвен да го пушти доколку пристигне понуда од околу 25 милиони евра. Минатата сезона тој блескаше постигнувајќи 12 голови и 20 асистенции на 44 настапи во сите натпреварувања.
Манчестер сити гледа на младиот Французин како идеален профил за обновување на креативниот дел на тимот.