Манчестер сити во лов на Меси со понуда каква што немало во историјата на фудбалот

Манчестер сити има подготвено понуда за Лионел Меси, каква што досега немало во историјата на фудбалот и подготвени се да потрошат околу половина милијарда евра за петгодишен договор, објавија дел од англиските медиуми.

Од клубот демантираа дека ќе му понудат годишна бруто плата од 99,2 милиони евра, што би бил светски рекорд во фудбалскиот свет.

Меси се уште не го продолжил договорот со Барселона и ќе може ова лето да го напушти единствениот клуб за кој досега играл во кариерата и тоа како слободен играч.

Тоа е шанса за останатите гиганти да го ангажираат аргентинскиот маѓепсник, а Манчестер сити е најзаинтересиран. Пеп Гвардиола му беше тренер на Меси во Барселона и сега сака да го има во тимот, а приказната што ја објавија медиумите во Англија е интересна, иако од Сити ја негираат.

Вкупната сума за петгодишен договор со Граѓаните би била дури 496 милиони евра, што е повеќе од двојно од рекордот што го држи Нејмар со трансфер од 222 милиони евра во 2017 година кога од Барселона се пресели во Пари Сен Жермен.

Меси би имал месечна плата од 8.3 милиони евра бруто, што ја нема ниту еден фудбалер на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести