-3.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Манчестер сити во полуфиналето на Лига купот (Видео)

Манчестер сити обезбеди пласман во полуфиналето на Лига купот, откако на „Етихад“ славеше победа од 2-0 против Брентфорд.

Рајан Шерки беше играчот кој го отвори резултатот во 32-та минута, постигнувајќи ефектен гол. По изведен корнер, тој ја дочека топката и од околу 20 метри упати вистински „проектил“ во аголот за водство од 1-0.


Во второто полувреме, Савињо ја потврди победата со погодок за конечни 2-0.

Со оваа победа, Манчестер сити го продолжува својот настап во натпреварувањето во кое минатата сезона беше елиминиран уште во осминафиналето, додека за Брентфорд ова значеше крај на настапот во Лига купот.

- Оглас -

Најнови вести