34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Манчестер сити во последен миг ќе доведе уште две засилувања

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити  сѐ уште не заврши за трансферите оваа зима со оглед дека во раните утрински часови влезе во преговори со Порто за ангажман на играчот од средниот ред, Нико Гонзалес.

Граѓаните се обидуваат да договорат пониска цена од отштетната клаузула во договорот на поранешниот фудбалер на Барселона, која изнесува околу 50 милиони фунти. И на крајот, ја плати клаузулата, па трансферот ќе биде реализиран.

Порто го доведе Гонзалес од Барселона во 2023 година, а оттогаш тој има 68 настапи за Змејовите. Во декември беше избран за најдобар играч од средниот ред во португалската лига.

Според „Марка“, Манчестер сити паралелно работи и на друг трансфер за игра од средниот ред, Сержи Алтимира од Бетис. Шпанскиот медиум тврди дека Граѓаните се подготвени да потрошат вкупно 70 милиони фунти за двајцата фудбалери.

Досега Манчестер сити потроши 130 милиони фунти за трите засилувања во јануарскиот преоден рок, Абдукодир Хусанов, Витор Реис и Омар Мармуш.

- Оглас -

Најнови вести