Манчестер сити води со 2:1 во Копенхаген, во Германија нема голови, но една ситуација донесе многу реакции (Видео)

Манчестер сити води со 2:1 на гостувањето кај Копенхаген по првото полувреме во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Во исто време, во Германија Лајпциг и Реал Мадрид играат без погодоци.

Кевин де Бројне погоди за 1:0 за Сити, а Матсон израмни на 1:1 во 34-тата минута.

Сепак, до крајот на првиот дел Бернардо Силва со погодок во 45+1 донесе нова радост за гостите и Манчестер сити на полувреме води со 2:1.

Лајпциг игра без голови против Реал Мадрид, иако домаќините постигнаа еден гол против големиот ривал. Уште во втората минута Шешко погоди, но судиите и ВАР-системот реагираа и го поништија тој погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести