Манчестер сити демолиран на свој терен: Загуби со 0:4 од Тотенхем! (Видео)

Манчестер сити убедливо загуби на свој терен со 0:4 од Тотенхем во меч од Премиер лигата. За Сити ова е трет пораз по ред во домашното првенство, а втупно петти пораз во низа во сите натпреварување, вклучувајќи го и Лига Купот и Лигата на шампиони.

Џејмс Медисон на најдобар можен начин го прослави 28 роденден. На фудбалерот на Тотенхем денеска му е роденден, а сам си даде два најдобри подароци, а тоа се погодоците во дуелот против Манчестер сити.

Медисон прво погоди во 13 минута откако ја искористи асистенцијата на Дејан Кулушевски.

Само седум минути подоцна, Медисон повторно ја тресеше мрежата на шампионот. Играчите на Манчестер сити загубија една топка пред својот шеснаесетник, а потоа Сон со одлична асистенција до Медисон кој повторно беше прецизен за 2:0.

Тој е првиот фудбалер на Тотенхем што постигнал гол на денот на својот роденден по Кристијан Ериксен кој во 2016 година даде погодок истотака во дуел против Сити.

На почетокот од второто полувреме, односно во 53 минута следуваше нов шок за домашните навивачи. Соланке асистираше, а Поро погоди за 3:0 и ги реши сите дилеми околу победникот, а точка на дебаклот на Сити беше ставена со погодокот на Џонсон во 90+3 минута.

- Оглас -

Најнови вести