Манчестер сити замената за Родри ја пронајде во Италија

Манчестер сити потврди дека сезоната за Родри е завршена. Фантастичниот играч од средниот ред и еден од најдобрите фудбалери во светот се здоби со повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено на натпреварот против Арсенал (2-2) одигран на 22 септември.

Интересна вест дојде од Островот. Англискиот првак размислува за ангажирање на Самуеле Ричи (23) од Торино како замена за Родри. Станува збор за италијански фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а се истакнува со својата умешност со топката и адаптирање на противничкиот пресинг.


Ричи е една од главните желби на Манчестер сити за зимскиот преоден рок. За да го доведат, Граѓаните ќе треба да платат околу 36 милиони евра.

Торино најверојатно нема да сака да го продаде одличниот играч среде сезона, особено затоа што неговиот договор важи до летото 2026 година и тој е клучен дел од тимот во борбата за добра позиција во Серија А.

Од друга страна, на Ричи ќе му биде тешко да одолее на повикот на еден од најдобрите клубови во светот.

- Оглас -

Најнови вести