Манчестер стана машина за голови и победи со Солскјер

Манчестер јунајтед – Брајтон (16 часот)

До пред само еден месец, Манчестер јунајтед беше тим кој можеше да загби од секого. Тим кој игра дефанзивно без идеја во нападот и навивачите често гледаа разочарувачки настапи на нивните миленици. Сепак, откако отказ доби Жозе Мурињо и на негово место беше поставен Оле Гунар Солскјер, работите се сменија на многу подобро.

Со Солскјер на клупата, Манчестер реди само победи. Шест меча досега и шест победи, со вкупно постигнати 17 погодоци, односно речиси три на меч. Денеска на „Олд Трафорд“ ќе гостува Брајтон, екипа која во есенскиот дел од сезоната го победи најтрофејниот англиски клуб со 3:2. Сепак, сега ситуацијата треба да е поинаква. Се очекува нова офанзивна игра на „црвените ѓаволи“ и голови за радост на навивачите на „Олд Трафорд“.

Предлог тип: Т1 1+I&T1 3+ (2.80) – квота на денот во Sport Life

 

Лајпциг – Борусија Дортмунд (18:30 часот)

Дуел на две екипи на кои филозофијата на игра им е да дадат гол повеќе од противникот. Освен што секогаш се офанзивно настроени, оваа сезона интересно е што токму Лајпциг и Борусија Дортмунд ја имаат најдобрата одбрана по првиот дел од сезоната во Бундес лигата.

„Милионерите“ се лидери и под притисок дека мора да победат, бидејќи Баерн со синоќешниот триумф против Хофенхајм на гости од 3:1, стигна до три бода од лидерот. Затоа Борусија сигурно нема да калкулира и ќе сака да ги освои трите бодови кај Лајпциг. Домаќинот знае како да се справи со било кој ривал. Лајпциг сезонава на свој терен во 9 меча има седум победи и две реми и даде дури 24 погодоци. Може да се очекува дуел со погодоци.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

Интер – Сасуоло (20:30 часот)

Интер сезонава игра добро и затоа е на третото место на табелата, со дури седум бода повеќе од четвртиот Лацио. „Нераѕурите“ се одлични на свој терен и имаат седум победи и по едно реми и пораз, во досегашниот дел од сезоната. Сасуоло е тим кој често дава, но и прима голови, па на „Џузепе Меаца“ може да се очекува атрактивен фудбал.

Предлог тип: 1 &0-29 мин. (2.60) – квота на денот во Sport Life

 

Арсенал – Челзи (18:30 часот)

Лондонското дерби секогаш е привлечно за типување. Ривалството на овие два тима трае веќе 196 натпревари. Досегашниот биланс е 75 победи на Арсенал, 63 радости на Челзи, а 58 меча завршиле нерешено. Главна цел на двата тима им е да бидат на позиција која води пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Арсенал на свој терен сезонава во 11 меча даде 24, а прими 10 голови. И Челзи е екипа која погодува, па дербито кое може да биде неизвесно до последен момент, најдобро да се игра на голови. Во есенскиот дел на „Стемфорд Бриџ“, Челзи победи со 3:2.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.81)

 

Реал Мадрид – Севилја (16:15 часот)

Кога игра на свој терен, Реал Мадрид секогаш оди на освојување на трите бода, но Севилја е тим може секого да изненади. По првиот дел од сезоната, двете екипи имаат по 33 бодови. Севилја на гости има три победи и исто толку порази, а Реал дома три пати киксна во девет меча (едно реми и два порази).

Овој меч ќе биде вистински предизвик за Сантијаго Солари да покаже дека Реал може да победи во дуел против директен ривал. Иако Кралскиот клуб сезонава има проблеми со реализацијата, мотивот дека играат дерби треба да преовлада.

Предлог тип: 1&2-5 (2.18)

 

- Оглас -

Најнови вести