Манчестер јунајтед продолжи со очајните игри и резултати во домашното првенство откако загуби со 4:3 на гостувањето кај Брентфорд, во меч од 35 коло во Премиер лигата. Ова е дури 16-ти пораз сезонава на 20-кратниот англиски првак кој на крајот може да заврши и на 17-тото место кое е последно што носи спас од испаѓање.
А добро започна Манчестер на гостувањето кај Брентфорд и поведе со 1:0 во 14 минута со голот на Маунт. Сепак, до крајот на првиот дел, Брентфорд стигна до 2:1, а потоа во второто полувреме резултатот беше и 4:1 за домаќините. до крајот на мечот, Гарначо и Дијало погодуваа за гостите за конечни 4:3.
За Манчестер јунајтед ова е трет пораз во последните четири кола (има и едно реми). Пред неполн месец, тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим најави дека фановите на Манчестер треба да очекуваат порази до крајот на првенството, затоа што фокусот ќе биде освојување на Лигата на Европа, каде англискиот гигант е на еден чекор од пласман во големото финале.
Во останатите два меча кои се играа од 15 часот, Брајтон и Њукасл ремизираа 1:1, а со ист резултат заврши и средбата меѓу Вест хем и Тотенхем.