15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Манчестер утре ќе игра без Погба во Лигата на Европа

Пол Погба ќе го пропушти утрешниот меч против АЗ Алкмар во Лигата на Европа поради повреда. Францускиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути во дербито против Арсенал, но потоа се пожали на повреда и не отпатува за Холандија и нема да излезе на мегдан против АЗ Алкмар.

Манчестер ќе има голем предизвик да победи утре бидејќи тренерот Оле Гунар Солскјер од претходно знаеше дека за овој меч нема да може да смета и на Марсијал, Ван-Бисака, Шоу, Џонс, Далот, Бејли и Гомес.

Англискиот гигант има три бода во групата Л откако славеше против Астана со 1:0, додека АЗ Алкмар на стартот ремизираше 2:2 во Белград против Партизан.

 

- Оглас -

Најнови вести