Манчестер во 519 меча на „Олд Трафорд“ само еднаш испуштил победа во 90+ минута, а сезонава тоа му се случи двапати

Манчестер јунајтед синоќа на мечот против Саутемптон доживеа шок како ретко кога игра на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи водеа со 2:1, а се играше 96 минута кога гостите постигнаа погодок за 2:2. Бодот не значеше многу за Саутхемптон, но го спречи Манчестер да се искачи на третото место на табелата, па сега повторно е петти во Премиер лигата.

Статистиката покажува дека откако во 2006 година започна да се мери точната секунда на постигнатиот погодок, синоќешниот гол на Обафеми даден во 95-тата минута и 47 секунди е најдоцна примен погодок на „Олд Трафорд“.

Освен тоа, ова е вторпат сезонава Манчестер со гол во судиското надополнување да испушти победа на свој терен. Претходно, во 519 домашни лигашки дуели само еднаш се случило Манчестер да прими гол во судиското надополнување и поради тој гол да испушти победа пред своите фанови.

Сеирот на сметка на Манчестер да биде поголем беше и објавата на официјалната страница на фејсбук-профилот на ангискиот гигант, каде што неколку секунди пред да биде постигнат израмнувачкиот погодок на гостите, објавија фотографија дека Црвените ѓаволи победија со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести