Манчестерско дерби за Донарума

Двата премиерлигаши од Манчестер покажуваат интерес за голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, објави „Л’Екип“.

Според изворот, Сити и Јунајтед ја следат ситуацијата на 26-годишниот голман. Се вели дека Донарума е заинтересиран за двете опции и веќе разговарал за можноста за преселба во Англија со некои од неговите италијански соиграчи.

Донарума брани за ПСЖ од јули 2021 година. Неговиот договор со Парижаните е до крајот на јуни 2026 година. Во сезоната 2024/25, на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 39 гола и 12 пати ја зачува мрежата.

- Оглас -

Најнови вести