Манчини чека и официјално да му биде даден отказ од Саудиска Арабија

Италијанските медиуми тврдат дека денеска или утре, фудбалската федерација на Саудиска Арабија и официјално ќе го отпушти селекторот Роберто Манчини, со кој имаа договор до 2027 година.

Манчини кој како селектор на Италија пред три години го освои Европското првенство, на клупата на Саудијците беше на 18 меча и билансот му беше седум победи, пет нерешени и шест порази.

Италијанецот се расправаше со навивачите по ремито 0-0 против Бахреин минатата недела, наводно иритирајќи ја федерацијата.

Според Газета дело спорт, Саудијците веќе стапиле во контакт со две можни замени: Рамон Дијаз и Ерв Ренар.

Саудиска Арабија е во истата квалификациска група за Светското првенство со Австралија и Јапонија, но има само една победа од четири меча.

 

https://twitter.com/i/status/1846283073882857736

- Оглас -

Најнови вести