Италијанскиот селектор Роберто Манчини звучеше и премногу оптимистички по неуспехот против Северна Ирска, кој ги принудува европските прваци да играат баражи за пласман на Светско првенство.
„Требаше барем еднаш да ја победиме Швајцарија, заслуживме, но тоа е фудбалот. Не е срамота што ќе треба да играме бараж. Ќе треба добро да се подготвиме за март. Убеден сум дека ќе се пласираме на Мундијалот, можеби и ќе ја освоиме светската титула“, изјави Манчини во Белфаст по недоволните 0-0.
Италија не играше на СП 2018 година и за нив би било катастрофа ако не се појават на две светски првенства по ред.