Манчини: Клоп и Покетино немаше „да преживеат“ ако беа во Италија

И како играч и како тренер Роберто Манчини има освојувано многу трофеи. Токму затоа тој и има право да коментира кога се работи за некои кои не може да освојат пехар подолго време. Манчини го направи токму тоа, а „мета“ му беа менаџерите на Ливерпул и Тотенхем, Јирген Клоп и Маурисио Покетино.

Според Манчини, овие двајца тренери немало да издржат толку долго на своите позиции ако работеа во некој италијански клуб.

„Во Италија е многу тешко да се биде тренер. Погледнете го ова, Покетино е во Тотенхем и пет години нема освоено трофеј, а никој не зборува за негова смена. Точно е дека работи одличлно, но нема ниту еден трофеј. Истото може да се каже и за Клоп. Во Италија досега ќе ги убиеја“, вели Манчини.

Претходно на оваа тема дебатираше и Жозе Мурињо, кој му завидува на Клоп и рече дека би сакал и тој да нема притисок и да може две и пол години да работи без да освои ниту еден пехар. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести